Се судрија автомобил и мотор, малолетничка тешко повредена
Од
Објавено на
На 20.06.2022 во 21.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(18) од Охрид и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(23) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка на мотоциклот од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.