Со нож му нанел убодна рана на 37-годишен маж
Од
Објавено на
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В. А.(29) од с.Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 10.05.2022 околу 23.45 часот во центарот на с. Ваксинце, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на Х.А.(37), кој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.