Македонија

Денес напладне Македонија, Србија и Албанија ќе соопштат дали ќе учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан

Претседателот на Србија и премиерите на Албанија и Македонија денес напладне ќе ја соопштат одлуката дали ќе учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тројцата лидери одлуката ќе ја донесат по консултации со нивните влади и советници.

Лидерите на шесте земји од регионот се поканети на средба со лидерите на Европскиот совет, која треба да се одржи утре пред почетокот на редовниот јунски самит на Унијата, на кој ќе се разговара за проширувањето.

„Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама

„Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.

Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид“, напиша Ковачевски вчера на социјалните мрежи.

На почеток