Македонија

10 лица фатени со дрога

На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага. П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.06.2022 околу 21.50 часот во гостиварско Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.З.(29) од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“.

На 21.06.2022 во 18.10 часот ул.„Петре Прличков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.С.(21) од Неготино затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.06.2022 околу 22.40 часот на паркинг во близина на угостителски објект покрај автопатот Желино-Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Р.(19), Ј.Ц.(20) и Л.Р.(21), тројцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 21.06.2022 во 16.00 часот во парк на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Љ.Х.(28) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.06.2022 околу 14.50 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.06.2022 околу 14.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток