Магазин

Изложба на Решат Амети во галеријата на КИЦ во Загреб

Во галеријата на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Решат Амети со три заокружени циклуси на дела создадени во последните десетина години „Од традицијата“ и „Пробив на светлината“.

– Сликарот Решат Амети не е непознат на загрепската публика, згора на тоа, има постојан круг пријатели од изложбата во музејот Мимара во 2017 година. Еден од уметниците со значајна меѓународна кариера, овој сликар со адреса во Македонија се избори во своето сликарство за мошне профилиран и препознатлив стилски пресек на трагата на лирската, гестуалната и колористичката апстракција, пишува историчарката на уметност Ива Керблер.

Амети е меѓународно признаен уметник, носител на Наградата за животно дело на Art@Culture. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави итн. Имал над 50 самостојни изложби, организирани претежно во странство.

На почеток