Македонија

Што разговарал Ахмети во тајните средби со руските амбасадори, прашува Алијанса за Албанците

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети деновиве призна дека имал средби не со еден, туку со неколку руски амбасадори во Скопје, како и со амбасадорот на Србија, вели Алијанса за Албанците.

„Можеби ке тврдите дека средбите со странски дипломати се нормални за претседателите на политичките партии, но во овој случај тоа се тајни средби кои досега не биле објавени. Никогаш немало официјално соопштение од ДУИ за средби на раководството на оваа партија со руските амбасадори. Јавно прашуваме зошто се одржувале тајните средби, што се разговарало на овие средби, кому му служеле и што произлегло од нив. Конкретно, го прашуваме господинот Ахмети дали овие средби ги одржал пред 27 април 2017 година и пред да му биде продадено парцелата во Тетово на рускиот олигарх Дака Давидовиќ.

Една популарна поговорка вели: “Насмеаниот те смее”. Вака ги опишуваме досегашните обвинувања и клевети на ДУИ кон албанската опозиција. Сега имаме појасна претстава за тоа кој флертувал со руската агенда, тајно и зад грбот на граѓаните“, се вели во соопштението.

На почеток