Македонија

Лидерот на ЛДП ќе излезе од Владата ако биде прифатен францускиот предлог

Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен францускиот предлог.

– Доколку Владата го прифати францускиот предлог таков каков што е, најавувам дека ќе поднесам неотповиклива оставка од член на Владата. Ќе направам се што е во моја можност да ја спречам бугаризацијата на нашата историја, напиша тој попладнево на Фејсбук.

Милевски уште вчера соопшти дека не го прифаќа предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори за членство на С. Македонија во Унијата.

На почеток