СДСМ не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат на даноците на горивата, вели ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат на даноците на горивата, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари. Што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта.
Но пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци.
Во Германија со намалувањето на даноците литар гориво е скоро иста цена како во Македонија, со 10 пати поголеми плати, а во САД горивото е далеку поевтино, но и таму се намалуваат даноците.
Само пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата.
Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа премногу е. Промени“, се вели во соопштението
