Македонија

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.

На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.

Има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стржа

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток