Македонија

Со измама му одзеле 18.000 денари

На 22.06.2022 околу 13.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Д.(24) од тетовска Мала Речица и Р.М.(46) од Тетово.

Претходно, тие биле пријавени од вработен во угостителски објект дека претходната ноќ лажно претставувајќи му се во име на друго лице, управувајќи такси возила, во неколку наврати го измамиле, а тој им исплатил 18 илјади денари. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 247 од Крвичниот законик.

На почеток