Свет

„Мораме да му дадеме надеж на Западен Балкан“, вели Калас

Премиерката на Естонија Каја Калас денеска пред Самитот на ЕУ посочи дека е важно да се даде надеж на Западен Балкан на европскиот пат.

Калас се надева на решение на северномакедонското прашање и подвлече дека клучно е Западен Балкан да биде дел од европското семејство.

Премиерката на Естонија истакна дека пред неколку недели била скептична дека е можно на Украина и на Молдавија да им се даде статус на кандидат и дека е среќна што ќе биде донесена таква одлука.

Таа најави дека Советот на ЕУ утре ќе се занимава со високата инфлација и како да се надмине овој проблем кој е товар за граѓаните.

На почеток