Рама си направи селфи со Ковачевски: „Се уште го чекате Годо?“
Од
Објавено на
Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер објави селфи со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и порача од Брисел дека повеќе не го чекаат Годо бидејќи се навикнати на ова и двете земји.
„Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, објави Рама.
Утрово тој повторно ја обвини Бугарија дека киднапира две членки на НАТО среде војна во Европа.