Скопје

Контролори во автобус на ЈСП им се заканувале на патниците и шоферот

Корисник на социјалната мрежа Твитер објави дека денес контролори од ЈСП им се заканувале на возачот и патниците во автобусот.

„Жена ми се врати испотресена, мораше да пие хелекс да се смири. Влегла у рендом 22 (приватен, 11:30 тргнал од железничка). Влегле 6 контролори сите жбитаци и им се силеле на патниците и шоферот (еден на шоферот со зборови „денес у џамија ќе одам, иначе гркланот ќе ти го искинев“)“, стои во објавата на Твитер.

Според информациите сите патници имале билети, а контролорите три пати направиле проверка, но не утврдиле нерегуларност.

Неодамна имаше случај во кој момче беше истепано во автобус од страна на контролорите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток