Македонија

ВИДЕО: Францускиот предлог не е прифатлив, рече Ковачевски и ја искара и ЕУ

Изарзив незадоволсто од динамиката со која се одвиваат пристапните преговори. Македонија е кандидат близу 18 години. Ова што се случува e сериозен проблем и сериозен удеар врз кредибилитетот на ЕУ. Македонија и Албанија не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокада на нашиот европски пат. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Македонија направи многу, донесовме многу тешки одлуки, врме Ееу да ги даде своите ветувања пред да даде нови, ова го изјави Димитар Ковачевски по самитот на ЕУ.

„Во врска со францускиот предлог, предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Иаториските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите меѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред почнување на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на уставот. Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија“, изјави Ковачевски

На почеток