Скопје

Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран и хортикултурно уреден нов зелен плоштад. Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.

Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.
Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва.

На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата.

На почеток