Македонија

„Ковачевски и Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл“, вели Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Ковачевски и Османи се актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл.

„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација.

Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото.

Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“, вели Милошоски

На почеток