Свет

Поради хакерскиот напад германската влада прогласи „сајбер аларм“

Германската влада денес прогласи „сајбер аларм“ поради масовниот хакерски напад на германските политичари и познати личности, меѓу кои е и претседателот Франк Валтер Штајнмајер и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Според моменталните податоци со коишто располагаме, меѓу податоците коишто се украдени нема чувствителни документи. Исто така, не се погодени ниту мрежите на Бундесверот“, изјави една од портпаролките на германската влада, Мартина Фјец.

Министерството за внатрешни работи се уште не знае како хакерите стигнале до тие податоци, но не ја исклучуваат можноста дека некој кој имал пристап до податоците истите да ги објавил.

Случајот во меѓувреме го разгледува и Главното јавно обвинителство, кое се вклучува во случаи кога постои закана за националната безбедност.

Според германските медиуми, симптоматично е што од сите пратенички групи во Бундестагот единствено не била засегната пратеничката група на евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток