МОЛ ја ограничи продажбата на гориво – 50 литри дневно
Од
Објавено на
Унгарската енергетска групација МОЛ од денеска ја ограничи продажбата на гориво за клиентите на мало на 50 литри дневно на своите бензински пумпи во земјата.
Ова за Ројтерс го изјави портпаролката на групата Пироска Бакош.
Оваа одлука го преполови сегашното количество гориво кое клиентите можеа да го полнат на бензинските пумпи на МОЛ во Унгарија, се додава во информацијата.