Магазин

(ФОТО) Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа

Британскиот весник „Гардијан“ стави јадрански бисер на својата листа на најубави острови.

Имено, меѓу 10-те најубави острови во Европа, е и Ластово: вистинска рајска оаза опкружена со чисто море.

„Иако е четири и пол часа возење со ферибот од Сплит може да изгледа како авантура, најјужниот населен остров во Хрватска е толку различен од Сплит што ќе ви биде мило што се потрудивте“, пишува Гардијан.

„Поминете време во боровите шуми восхитувајќи се на островските куќи во венецијански стил, потоа истражувајќи ги црквите или пливајќи во кристално чистото море на заливот Скривена Лука. Има само еден хотел на островот, но и неколку одлични ресторани кои нудат локална храна и морски специјалитети“, пишува Гардијан за хрватскиот остров кој во 2006 година беше прогласен за природен парк.

Покрај Ластово, на оваа листа се и островите Поркелол (Франција), Табарка (Шпанија), Бозада (Турција), Ла Грациоза (Канарски Острови), Сирос (Грција), Кабрера (Шпанија), Тинос (Грција), Иле де Бац (Франција) и Филикуди (Сицилија).

На почеток