Македонија

Земјоделството во Македонија е во колапс, тврди опозицијата

Земјоделството во Македонија поради неспособноста на Владата е во колапс, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Веќе ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ.

„Успешните“ политики на СДСМ и Љупчо Николовски ја доведоа Македонија до ситуација да се моли кај соседите за храна. Власта Македонија од извозно ориентирана ја направи во увозно зависна држава за храна.

И по изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, на власта и беше потребно скоро цел месец да започне со исплата на истите. А, со тоа самo неспособната Влада докажа дека нема пари во буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци“, се вели во соопштението.

На почеток