Магазин

Ќерката на Пол Вокер проговори за абортусот: „Денес сум среќна и здрава личност“

Ќерката на починатиот актер Пол Вокер, Медоу Вокер, по одлуката на Врховниот суд на САД да го поништи случајот Роу против Вејд и пресудата стара 50 години, што го легализираше абортусот, реши да проговори за абортусот што го направила во 2020 година

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Безброј жени се борат да донесат одлука за абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемија, јас абортирав“, напиша 23-годишната Медоу Вокер.

„Тоа е многу лично искуство и така треба да биде“, рече таа, додавајќи дека имала среќа што има одличен лекар кој ја поддржувал во текот на целиот процес.

„Со нивна помош (медицински персонал) денес можам да бидам среќна и здрава личност“.

“Знаејќи дека уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбедно прекинување на бременоста и да донесат одлука за своето тело, ми го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

Меду не криеше дека добила голем број негативни коментари.

„Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престани да ме следиш ако не се согласуваш“.

На почеток