Боно Вокс не знаел дека има полубрат: „Сето тоа беше тајна“
Пејачот на U2, Пол Дејвид Хусон, попознат како Боно Вокс, откри дека има полубрат за чие постоење не ни знаел со децении.
„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам“, изјави тој во емисија на радио Би-Би-Си.
Пејачот откри дека за својот полубрат дознал во 2000 година, додавајќи дека тоа е контроверзен случај.
Имено, неговата мајка Ајрис, која починала во 1974 година, не ни знаела дека нејзиниот сопруг и татко на Боно има дете со друга жена.
“Татко ми имаше длабоко пријателство со оваа прекрасна жена, која е дел од нашето семејство, а потоа добија дете. И сето тоа беше тајна”, додал Боно.
Откако Боно дознал, разговарал со неговиот татко во 2001 година.
“Го прашав дали ја сакал мајка ми, а тој рече дека да. Прашав како тоа може да се случи. Не се извини. Татко ми очигледно минуваше низ многу, а главата му беше на друго место“, нагласи Боно.