Скопје

Сообраќајка на Партизанска, автомобил удри во пешак

На 26.06.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и бул.„Св.Климент Охридски“, патничко возило „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(58) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а Ф.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

To Top