(ФОТО) Англиски актер баниран на Твитер: Направил колаж од ЛГБТ знамиња во форма на свастика
Англискиот актер и екстремно десничарски политички активист Лоренс Фокс беше привремено забранет од Твитер во текот на викендот поради објавување слика на свастика направена од четири знамиња на ЛГБТ.
Фокс (44) објави слика во неделата вечерта, саркастично коментирајќи: „О, благословен и пресвет месец!“, по повод Месецот на гордоста на ЛГБТ, кој започна на 1 јуни.
Пристапот до неговиот Твитер профил сега е вратен, а Фокс во понеделникот наутро им се обрати на своите следбеници дека знамето на гордоста стана „свето знаме“ кое „не може да се критикува“.
Твитер го известил Фокс дека неговиот профил е заклучен поради објавување на „слика со омраза“, што е прекршување на правилата на страницата, а пристапот е вратен дури откако ја избришал спорната фотографија која ја објавил како профилна слика.
The Tweets tonight from Laurence Fox are truly disgusting. More so coming 48 hours after the killings at an Oslo gay bar. In Pride month too. In some countries he’d go to jail for displaying a swastika. I hope @Twitter issue a permanent ban, and the @metpoliceuk prosecute pic.twitter.com/9N9z3hB2bk
— India Willoughby (@IndiaWilloughby) June 26, 2022
„Кампања против антисемитизмот“, британска невладина организација основана во 2014 година, го осуди Фокс за неговиот, како што велат, навредлив пост.
„Можно е да се изрази став без омраза и без навреда на оние кои беа убиени од нацистите, меѓу кои имаше и Евреи и ЛГБТ лица“, напиша организацијата на Твитер.