Почина актерката Мери Мара
Мери Мара, актерката најпозната по улогите во телевизиските серии „Law and order“, „Ray Donovan“ и „NYPD Blue“, почина на 62-годишна возраст.
“Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознала. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Mad Forest на Бродвеј во 1992 година. Таа беше духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостасува”, рече нејзиниот менаџер Крег Дорфман“, пренесува Си-Ен-Ен.
Според соопштението на њујоршката полиција, во неделата, нешто по 8 часот по локално време во градот Кејп Винсент, каде живеела актерката, добиле повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле нејзиното безживотно тело во реката Сен Лоран.
“Телото на Мери беше пронајдено утрото во реката. Таа се удави додека пливаше”, изјави портпаролот на медиумите за Fox News Digital. Допрва треба да се изврши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта.