Свет

Земјотрес во Иран: Пронајдени првите жртви

Најмалку пет лица загинаа во јужен Иран рано утринава во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер, а областа ја погодија два силни последователни потреси до 6,3 степени соопштија властите.

„Пет лица загинаа во земјотресот, а досега 12 од нив се хоспитализирани“, изјави шефот на одделот за итни случаи во провинцијата Хормозган на брегот на иранскиот Залив за државната телевизија, пренесе Ројтерс. Тој изјави дека акцијата за спасување е завршена и дека се обезбедуваат шатори за сместување во итни случаи.

Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека после првиот земјотрес со јачина од 6,1 што го срамни селото Саје Кош во близина на брегот на иранскиот залив, следеа потреси со јачина од 6,3 и 6,1 степени според Рихтеровата скала. Имаше десетици последователни потреси.

„Сите жртви загинаа во првиот земјотрес и никој не е повреден во следните два силни земјотреси, бидејќи луѓето веќе беа надвор од своите домови“, изјави локален претставник во провинцијата Хормозган, пренесе агенцијата ИРНА. Големите геолошки раседни линии се вкрстуваат во Иран, а во последните години земјата претрпе неколку разорни земјотреси, според Ројтерс.

На почеток