Тигар во САД угина како последица на ковид
Тигар од Зоолошката градина Колумбус во Охајо, САД, угинал откако добил пневмонија која е причинета поради Ковид-19.
14-годишниот тигар по име Јупитер имал неколку хронични болести, поради што бил чувствителен на коронавирусот, стои во соопштението од ЗОО.
Јупитер на почетокот на минатиот месец покажувал знаци дека е болен. Изгубил апетит, не сакал да се движи и не соработувал со чуварите. И по лекувањето состојбата не му се подобрила.
Потоа ситуацијата станала значително подобра, но во неделата угинал.
Јупитер од зоолошка градина во Москва бил префрлен во Чешка, а во 2015 година стигнал во САД.
Ова е првото животно од оваа зоолошката градина во Колумбус кое угинало како последица од коронавирусот.
Иако големите мачки во повеќе зоолошки градови ширум светот беа позитивни на Ковид-19 во последните 2,5 години, забележан е мал број смртни случаи. Дел од зоолошките ги вакцинираа и животните.