Минатата година бесправно изградении 739 објекти
Од
Објавено на
Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување1) (28.4 %), 102 доградби, надградби и адаптации (13.8 %), 73 деловни објекти (9.9 %), 29 гаражи (3.9 %), 128 огради (17.3 %), 6 скалила (0.8 %), 6 тераси (0.8 %), 6 летни тераси (0.8 %), 71 натстрешник (9.6 %), 23 времени објекти (3.1 %) и 85 помошни објекти (11.5 %).
Најголем број бесправно изградени објекти (95.7 %) се во приватна сопственост.