Заедничкото делување на ВМРО-ДПМНЕ со Левица ја прави дел од анти НАТО и анти ЕУ коалиција, вели СДСМ
Од
Објавено на
Оркестрираните настапи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на дело ја потврдува анти НАТО и анти ЕУ коалицијата, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет.
Деструкциите, блокадите и навредите и не се ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, тие се добро познати и секогаш досега биле поразувани, така ќе биде и овој пат“, се вели во соопштението.