Скопје

90 санкционирани возачи во Скопјe

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за возачи почетници, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за неносење на сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток