Магазин

Лепа Брена реагираше на Ким Кардашијан која ја „копира“: „Деновиве е тешко да се биде оригинален“

Лепа Брена проговори откако Ким Кардашијан ја „копираше“ во новата кампања за нејзиниот бренд SKIMS.

Имено, Ким позираше во костими за капење, а поради сината боја на периката и шминката многумина Балканци ги потсети на Лепа Брена од седумдесеттите години на минатиот век.

Колекцијата се вика SKIMS Metallic Swim и треба да биде достапна од 6-ти јули.

“Многу интересно. Во денешно време е тешко да се биде оригинален. Што и да излезе е веќе видено, без разлика дали се работи за мода, ликови од шоубизнисот… Тоа што се создаваше од 60-тите до 90-тите се епохални работи. Само технологијата уште може да не изненади, се друго е веќе видено, но мило ми е што Ким сепак знае што е добро“, изјави Лепа Брена за локалните медиуми.

На почеток