Магазин

Карлеуша со поддршка за Николина Пишек: Бори се за себе и за инат на сите Балканци кои ги мразат жените

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша и испрати јавна порака на водителката Николина Пишек, чиј сопруг, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, ненадејно почина на 8 мај годинава.

Под објавата на Николина на Инстаграм, Јелена остави коментар и и даде поддршка на водителката.

– Кукло убава, драга, мила и добра, бори се за себе за инат на сите Балканци кои ги мразат жените, бори се за своето дете затоа што како мајка му го должиш тоа, бори се. Точка. Главата горе и никогаш не дозволувај да те повредат! Биди му пример на своето дете да се бори во животот. Секој што ќе ти каже збор, секој што ќе се осмели да се занимава со твоите пари, со твоите приватни работи, со твојот живот и со твојот паричник -нека п… к.р. Не си должна никому да му се правдаш или да објаснуваш, особено не на овие простори каде што жените се граѓани од втор ред, каде што медиумите и мажите брутално газат сè што е женско, каде дури и жената е волк за жената! – напиша Карлеуша.

– Те сакам, и ти си лавица на е…..т Балкан и знаеш се – одговори Николина на коментарот на Јелена.

На почеток