Македонија

Тешко повредени пет лица во сообраќајка

На 02.07.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Р-1401, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Свидовица, струмичко, без возачка дозвола и патничко возило „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.П.(32) од с.Муртино, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.П. и сопатниците во возилото „форд“, малолетник од Штип, З.И.(26) од с.Свидовица и двајца малолетници од истото село, констатирани во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди, констатирани, исто така, во Медицински центар Струмица, се здобиле возачот И.И. и пет сопатници во двете возила. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.

На почеток