Свет

Во ЕУ има околу 3,7 милиони украински бегалци

Повеќе од три милиони украински бегалци веќе се вратија во Украина од ЕУ, додека околу 3,7 милиони луѓе останаа во земјите на Унијата, изјави на прес-конференција европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Податоците што ги имаме се дека 6,7 милиони Украинци влегле во Европската унија, а околу три милиони се вратиле“, рече таа, пренесе ТАС С.

Според неа, има информации дека 3,5 милиони се вратени во Украина, додека 3,7 милиони се пријавиле за привремена заштита.

На почеток