„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Пристигна мајката на исчезнатиот Македонец на Халкидики :„Имаме надеж“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
image2022-07-12095656817

Четврти ден продолжува потрагата на морското подрачје на Халкидики за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој се води како исчезнат од саботата попладне , од моментот кога нурнал со своите пријатели на познатата плажа „Мити“ во Посеиди и биле понесени од морските струи.

— реклама —

Грчките медиуми пишуваат дека околу 9 часот, мајката на младиот човек од Македонија, заедно со роднините, пристигнала во базата на волонтерскиот тим за пребарување и спасување OFKATH во Переа, Солун, со цел да се подготват и заедно да заминат за Халкидики.

Според информациите, мајката на момчето пристигнала од Америка на аеродромот во Солун вчера вечерта, со цел да учествува во потрагата по својот син.

— реклама —

Грчкиот медиум protothema.gr беше во базата за готовност и се сретна со мајката и роднините на 28-годишниот Мартин.

„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете . Имам голема вознемиреност и исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме надеж“, изјави мајката на младиот човек за protothema.gr.

Претседателот на организацијата Христос Рамос вели дека денеска им помага и времето, а повторно ќе се користи подводен дрон.

„Почнуваме денес од штабот за да ја зајакнеме базата за подготвеност на Касандра. Денеска ни помага времето. Ќе го користиме подводниот Дрон. Денеска ќе се потрудиме затоа што утре повторно е лошо, ќе биде лошо. Со нас го имаме семејството и конзулот на Скопје и се надеваме на најдобро. Неговата мајка дојде од Америка со други роднини, од вчера е со нас, вчера отидовме и се видовме со Иван, тој е во добра здравствена состојба и ќе излезе денес. Нашите напори сега се на Мартин. Иван ни даде многу информации, ни ја даде точно ознаката, па ќе одиме конкретно на едно парче. Ако Бог сака да помогне, се ќе биде добро. Мора да завршиме денес“, изјави тој за protothema.gr.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања