Македонија

На виделина излегуваат нови докази за поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации, вели СДСМ

Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците, вели СДСМ.

„На виделина излегуваат нови докази за поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации.

Едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ самото има објавено фотографии на социјалните каде мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а на една од фотографиите лицето носи облека со националните обележја на Русија.

Руските знамиња на протестите, навредите кон сограѓаните од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи и не одговара која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието.

Дали токму тој координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?

ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да одработат за туѓи центри на моќ, да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата ќе одговара согласно законите“, се вели во соопштението.

На почеток