Коментари

„Касапење животни по улици е кривично дело, АХВ да ги гони по сите основи“, вели Велковска

Драгана Велковска од Зелен хуман град на социјалните мрежи реагираше во врска со веста дека директорот на скопската ЗОО убил коњи за да храни други животни во зоолошката.

„Директорот (сега веќе бивш) на Зоолошка градина Скопје убил коњи за да храни други животни во зоолошката!!! Касапење животни по улици е кривично дело според нашите закони, така што Министерство за внатрешни работи по којзнае којпат има прилика да постави добар преседан во сферата на заштита на животните!

Разрешувањето е сосема очекуван чекор по грозоморието што го приредил, меѓутоа, разрешување е само првиот чекор. Агенцијата за храна и ветеринарство е должна да си ја фати здраво работата и да гони по сите основи!

Активистите во неколку наврати побараа директорка на ЗОО да биде Tina Mickovska. Кога веќе постои зоолошка во оваа форма, единствено добро што може да се направи е да се даде шанса на човек во кого активистите имаат доверба. Да направиме сѐ за да не бидеме пак во ситуација да гледаме примитивизам и дивјаштво својствени за средниот век“, вели таа.

На почеток