Свет

САД: Ги повикуваме граѓаните да не влегуваат во Украина, а оние кои се таму веднаш да ја напуштат

Соединетите Американски Држави синоќа ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина.

„Безбедносната ситуација низ Украина останува брутална и непредвидлива поради континуираните напади од Русија, активните непријателства во земјата и неизвесните безбедносни услови. Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани да не влегуваат во Украина, а оние во Украина веднаш да ја напуштат, користејќи превоз ако е безбеден“, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев, пренесува ПРМ.УА.

Амбасадата, исто така, бара од Американците да избегнуваат масовни собири и организирани настани, бидејќи тие би можеле да станат цел на руската војска каде било во Украина, вклучително и западните региони.

На почеток