Македонија

(ВИДЕО) Тепачка во Собрание: Малку фалеше Апасиев да рашамара пратеник на СДСМ

Малку недостасуваше пратениците Мартин Костовски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и физички да се пресметаат во Собранието на Р.Македонија. На настанот претходеше вербална расправија помеѓу Апасиев и Талат Џафери кој му се закани на лидерот на „Левица“ дека ќе му го „искршел прстот“.

Костовски, во обид да го одбрани Џафери од критиките на Апасиев, го удри по раката по што следуваше размена на навреди, а малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка.

Пратениците од владејачкото мнозинство се почесто покажуваат нетрпеливост и агресија, а неретко се случува и да довикуваат навреди на пратениците од опозицијата.

Видеото можете да го видите тука

На почеток