🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Уставните измени мора да се случат. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, се обрати до опозицијата, која е децидна дека нема да гласа за промена на Уставот, да докажат дека се посветени да се случи членството на Македонија во Европската Унија.

— реклама —

„Во врска со уставните измени, мислам дека е јасно дека тие мора да се случат. Постои јасна посветеност, не само од Владата туку и од Собранието. Токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат за Владата. Затоа што, уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието. Затоа беше важно да се слушне Собранието и Собранието јасно покажа дека се подготвени за вакво нешто“, кажа Вархеји.

Тој изрази надеж дека и опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои кажаа дека нема да гласаат уставни измени, а без кои нема мнозинство, ќе се вклучат во работата за европска иднина.

— реклама —

„Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да резултираат со ништо битно во земјата. Ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европски вредности. Но се надевам дека со оваа одлука денес, можеме да свртиме нова страна и да работиме, С. Македонија да стане земја членка. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата. Ајде да го докажеме тоа“, додаде Вархеји.

Во врска со извештаите кои се бараат со францускиот предлог, а се однесуваат на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, Вархеји даде свое објаснување.

„Извештаите на Комисијата се годишна активност. И можеби медиумите не го откриле тоа, но известуваме за овие прашања, добрососедските односи, со сите земји кои пристапуваат. Самото посебе, известувањето постои за да ги презентира фактите, не само за земјите членки туку и јавноста“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања