Актуелно

„Ова е притисок најавен од Маричиќ, да ви се помочам во договорот“, Јаулески за палењето на автомобилот на негов колега

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, смета дека причината што автомобилот на неговиот колега пратеник од Прилеп е запален е гласање за промената на Уставот. Тој потсети дека пред неколку месеци и нему му се случило истото.

„Мене пред неколку месеци ми се случи истово, ноќеска на Пека колегата. Причината е една, а тоа е притисок за гласање на 2/3 мнозинство, нешто налик “дијалогот” за обезбедување на пратеници што го најави Маричиќ. Но, овој пат сте се зафркнале. Овојпат сте наишле на тврд орев, ова ВМРО не ви гласа ниту во највлажниот сон. Ама како правите, така ќе ви се прави, бидејќи ,,во Прилеп мајмун не игра”. Да ви кажам уште нешто на прилепски во стилот на братот Пеката: Да ви се помоч*ам во договорот“, напиша Јаулески.

(ФОТО) Запален автомобилот на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

На почеток