Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР-агенции во Македонија – „Елемент ПР“, предупреди на негативните појави на социјалните медиуми и истакна дека автентичноста и искреноста се клучни вредности.
„На социјалните медиуми денес има премногу ‘глумци’. Луѓе кои шират навреди, невистини и оцрнувања само за да привлечат внимание, или пак делат совети како да се безгрешни. Да се разбереме – никој од нас не е безгрешен“, изјави Лопарски.
Таа додаде дека новите генерации се многу поедуцирани во дигиталниот свет и умеат да препознаат кој вреди, кој е писмен, кој е добар како човек и кој живее реален живот, наспроти оние кои „живеат во сопствена илузија“.
„Брендовите не сакаат да соработуваат со луѓе кои имаат сè освен реалност. Најмалку пак со ‘инфлуенсери’ кои својата ‘кариера’ ја градат врз навредување на други или прикажување на нереален живот“, нагласи таа.
Заклучокот на Лопарски е дека автентичноста е она што трае, а искреноста е она што привлекува.
„Сè друго е само краткотрајна маска која сè побрзо паѓа и ќе паѓа“, порача таа.