Промени тема
Контакт

Слободна Европа на македонски се одјавува по 25 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryrrbteja1qqace77EWYK

Радио Слободна Европа го затвора сервисот на македонски јазик, со што на 31 март 2026 година завршува неговото долгогодишно присуство во медиумскиот простор во земјава.

Одлуката ја соопштија од медиумот, посочувајќи дека станува збор за дел од реорганизација поради буџетски ограничувања. Претседателот и извршен директор на РСЕ, Стивен Капус, оцени дека затворањето претставува загуба за публиката, но е неопходен чекор за пренасочување на ресурсите.

— реклама —

Македонскиот сервис започна со работа на 1 септември 2001 година, со мисија да обезбедува проверени и балансирани информации и да придонесува за промоција на демократските вредности и човековите права.

— реклама —

Во текот на своето постоење, редакцијата беше дел од пошироката мрежа на РСЕ, медиум историски познат по известување зад Железната завеса, а во поново време фокусиран на дигитални платформи и борба против цензурата.

— реклама —

Тимот на РСЕ им се заблагодари на читателите, слушателите и соработниците за довербата и поддршката, истакнувајќи дека вредностите на слободното и одговорно новинарство ќе останат нивно трајно наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Pentagon

Пентагон сака да одредува што смеат да објавуваат новинарите, медиумите во шок

Свет | пред 10 месеци

media-library2gfi0k7sdk4819EqReW

Трамп ја нападна ABC поради суспензијата на Кимел

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-23-at-12.17.07

Брендовите не сакаат да соработуваат „инфлуенсери“ кои градат кариера со навреди, пишува Лопарски

Коментари | пред 1 година

edi-rama

Еди Рама го затвори „Њуз24“ без судска одлука – нов удар врз медиумската слобода во Албанија

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања