Пентагон сака да одредува што смеат да објавуваат новинарите, медиумите во шок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
Pentagon

Бројни водечки американски медиуми одбија да ја прифатат новата политика на Министерството за одбрана на САД, со која се ограничува што акредитираните новинари смеат да објавуваат, пренесе германската агенција ДПА.

— реклама —

Новинарите имаат рок до денес во 17 часот да се согласат со новите правила, кои беа изменети откако првиот нацрт — според кој информациите „наменети за јавноста мора најпрво да ги одобри надлежен службеник, дури и кога не се доверливи“ — наиде на остри реакции во јавноста, објавија американските медиуми.

— реклама —

Здружението што ги претставува новинарите кои известуваат од Пентагон (PPA) во соопштение наведе дека новите правила и понатаму „делуваат како обид да се задуши слободата на печатот и потенцијално да нè изложат на кривичен прогон само затоа што ја вршиме својата работа“.

— реклама —

Медиуми како „Њујорк тајмс“ (The New York Times), „Вашингтон пост“ (The Washington Post), „Атлантик“ (The Atlantic) и Си-Ен-Ен (CNN) соопштија дека нема да ја потпишат ревидираната политика на Пентагон, наведувајќи дека таа го прекршува Првиот амандман на американскиот устав, кој го гарантира правото на слобода на говор.

— реклама —

„Кршење на Првиот амандман“

Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мари, изјави:
„Предложените ограничувања ги поткопуваат заштитите на Првиот амандман, поставувајќи непотребни пречки во собирањето и објавувањето информации.“

Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, исто така рече дека „овие услови ги нарушуваат нашите права загарантирани со Првиот амандман, како и правата на Американците да знаат како се распределуваат воените ресурси и персоналот финансирани со пари од даночните обврзници“.

Ричард Стивенсон, раководител на вашингтонскиот уред на „Њујорк тајмс“, во петокот предупреди дека новата политика „претставува закана за казнување на новинарите за вообичаено собирање информации што е заштитено со Првиот амандман“.

Министерот за одбрана Пит Хегсет, во објава на социјалните мрежи, тврди дека новите правила само пропишуваат „новинарите повеќе да не можат слободно да се движат без контрола“, дека „мора да носат видлива идентификациска ознака“ и дека „акредитираните новинари не смеат да поттикнуваат на извршување кривични дела“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2gfi0k7sdk4819EqReW

Трамп ја нападна ABC поради суспензијата на Кимел

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-23-at-12.17.07

Брендовите не сакаат да соработуваат „инфлуенсери“ кои градат кариера со навреди, пишува Лопарски

Коментари | пред 2 месеци

edi-rama

Еди Рама го затвори „Њуз24“ без судска одлука – нов удар врз медиумската слобода во Албанија

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-02-at-10.25.52

Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите, ситуацијата е „задоволителна“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања