Македонија

Скандалот “Жан Митрев” да не се замолчи како другите трагедии, вели Татеши

Јавноста во Северна Македонија деновиве е преоптоварено, но сторијата на ИРЛ за злоупотребите и профитерите од пандемијата го шокираше и го изненади секој граѓанин. Додека најголемиот број на здравствените работници го дадоа својот максимум при третманот на пациентите со КОВИД, ризикувајќи го своето и здравјето на членовите на нивните семејства, моќниците и недопирливите профитираа на сметка на нив и на населението која се наоѓа на работ на екстремната сиромаштија и според авторите на документарецот, злоупотребувале болни за експерименти кои не поминале низ филтрите на институциите и не обезбедиле соодветни дозволи, вели Беким Татеши – Сектор за Здравство при АА

„Алијанса за Албанците ги поздравува истражувачките новинари на ИРЛ и им честита за нивната храброст и професионалност, што дава надеж дека оваа гранка на новинарството во Северна Македонија е жива и ќе поттикне процесирање на многу слични случаи и во други области.

Кога сите очекувавме дека владата и надлежните институции жестоко ќе реагираат и ќе ги расчистат сомнежите на многу членови на семејствата за тоа што навистина се случило во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, на жалост се случи она што го видовме и слушнавме од биномот СДСМ-ДУИ и нивните сателити, молк и без партиска реакција, како и формирање на комисии и работни групи, што ни дава за право да констатираме дека и овој скандал ќе ја доживее судбината на скандалот со модуларната болница во Тетово, скандалот со вакцините, скандалот околу автобуските трагедии во Бугарија и Ласкарце и многу, многу други. Разочарувачки беа анемичните и конфузните ставови на министерот за здравство на последниот прес, од кој беа изненадени и шокирани здравствените работници, преживеаните пациенти и нивните семејства со обидот да се релативизира одговорноста на обвинетите.

Прашуваме:

– Јавното обвинителство: до кога ќе чекаме за процесирање и расветлување на овој скандал?

– Владите Заев 1 и 2: врз основа на кои параметри дадовте дозвола Северна Македонија да се најде во групата на 10 земји каде Ковидот може да се лекува и во приватните болници знаејќи ја финансиската моќ на населението?

– Да се ​​произнесат и одговорат екс министерот Филипче и неговиот заменик Хасани, во име на СДСМ и ДУИ, кој дал дозвола за примена на хемофилтрација како метод за лекување на Ковид и зошто не се применувала истата во државните болници и кој ја формирал астрономската цена на овој метод.

Алијансата за Албанците предлага:

– Во Собранието на Северна Македонија да се изготви и да се изгласа закон за профитерство од разни катастрофи,

– Ако веќе се формираат комисии, тогаш во нив треба да учествуваат специјалисти од областите и што поскоро да се изготват извештаји за третманот со оваа метода.

– Сите инволвирани да излезат пред јавноста и да одговорат на сите прашања и дилеми пред оние кои ги гласале и финансирале, граѓаните и истите да се приведат за да не избегаат и за да не влијаат на сведоците,

– Министерството за здравство треба да обезбеди средства и истите да им се вратат на членовите на семејствата кои се погодени во овој невиден скандал и

– Јавното обвинителство да постапува врз основа на факти и обвинувања и да не се дозволи овој скандал да ја доживее судбината на другите скандали затоа што со „нечиста крв“ никогаш нема да ја постигнеме нашата интеграција во нормалниот свет“, додава тој

На почеток