Поплави во Иран, загинаа најмалку 15 лица

Од
Објавено на

Во поплавите на југот на Иран загинаа најмалку 15 лица, а осум се водат како исчезнати, јави денеска официјалната новинска агенција Ирна.
Обилните дождови предизвикаа поплави во неколку градови и села во провинцијата Фарс.
Шефот на локалниот кризен штаб изјави дека потрагата по исчезнатите е во тек.
