Спорт

Се продава Ферарито на Шумахер

Ферари Ф300 на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, ќе се најде на аукција во август.

Станува збор за болид од 1998 година во кој Шумахер освои четири од шест победи таа сезона. Автомобилот го придвижува 3.0-литарски V10 мотор кој развива 800 КС.

Сега, за прв пат во историјата, Ferrari F300 е понуден на продажба, а ќе се продава на аукцијата на RM Sotheby’s Monterey во август. Со оглед на тоа дека го возеше легендарниот Шумахер, се очекува висока цена.

На шасијата на автомобилот се наоѓа бројот 187, а Шумахер возејќи го овој F300 ја постигна првата победа во Канада со предност од 16 секунди. Го забележа и најбрзиот круг. Следната победа ја прослави во Франција, а потоа и во Велика Британија. Тој го постигна четвртиот на трката за Големата награда на Италија.

Формула 1 шампион во 1998 година сè уште беше Мика Хакинен, додека Шумахер заврши на второто место.

Ферари го задржа овој автомобил до септември 1999 година, кога го продаде, а тој купувач сè уште го поседува до ден-денес. Автомобилот е во фантастична состојба, а новиот сопственик се очекува да издвои меѓу 6 и 8 милиони долари.

На почеток