Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод Божик.
„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на сите верници од православна исповед да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Божиќ и да Ви посакам празникот да го поминете во мир, спокој и благосостојба, во топлината на вашите домови, опкружени од вашите најмили, да ви посакам добро здравје, личен и колективен успех во животот, работата, бидете среќни и задоволни, со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба за Вас почитувани граѓани и за модерна и европска Република Македонија“, се вели во честитката.