Македонија

Деки е со влошена состојба, Лиде се бори за двајцата, а со симболична донација може животи да промениме

На социјалните мрежи деновиве се шири апел за помош на Дејан Тодоровски кој има мултиплекс склероза. Неговата состојба се влошила по прележување на ковид.

„Драги мои. И порано сум пишувала за Лиде и Деки. Дејан е болен од мултиплекс склероза. Беа во лоша финансика состојба повеќе години. Подоцна Лидија почна добро да заработува работејќи за Тианде и веќе не им беше потреба нашата помош. Но после прележување на ковид состојбата на Дејан многу се влоши. Беше хоспитализиран, но за жал разви декубитус на повеќе делови на телото. Влошени се и симптомите на основната болест. Нозете му се постојано во згрчена положба. Лиде се потешко може да се справува со него. И се помалку може да се посвети на работата. Затоа ме замоли да напишам еден ваков пост и да ве замолам сите за по некоја симболична донација. Подолу на сликата е трансакционата сметка. Секој денар е добредојден. Однапред ви благодарам. Исто ве молам и за споделување на постот. Господ да ве чува сите“, стои во објавата на социјалните мрежи.

На почеток