Магазин

Поранешна медицинска сестра очајна: „Купете ги моите голи фотографии, татко ми умира“

Манекенката Нејлин Ешли (33) откри дека ги продава своите разголени фотографии за да му пружи најдобра грижа на својот болен татко.

Инфлуенсерката од Флорида редовно ги споделува своите фотографии и видеа и има повеќе од 2,5 милиони следбеници на Инстаграм.

Поранешната медицинска сестра е во тешка животна ситуација и е уништена откако дознала дека нејзиниот татко боледува од хронична бубрежна инсуфициенција.

Единствената надеж за преживување е трансплантација на бубрег, но прво му треба операција на срцето и пејсмејкер пред да може да се подложи на оваа процедура.

„Тој е во петта фаза на откажување на бубрезите, има напади и ужасни грчеви во нозете“, објасни таа за NeedToKnow.

На почеток